Интерактивен прирачник за обука

Упатства за вклучување на постари возрасни ученици во неформална едукација на теми за рециклирање и циркуларна економија

Упатствата имаат 2 главни дела: Дел 1 – „Основни принципи за заштита на животната средина, одржливост, рециклирање и циркуларна економија“, и Дел 2 – „Создавање соодветна средина за учење за постарите возрасни ученици и основни принципи за ефективно ангажирање на возрасните лица во активностите во образованието и заедницата“.

Со нив сакаме да воспоставиме нов пристап во наставниот процес на постарите лица на темите за заштита на животната средина, одржливост, рециклирање и циркуларна економија.

Библиотека со ресурси

Проектот SenGA има за цел да го премости јазот во едукативните материјали за еколошки теми за повозрасни лица преку создавање библиотека со ресурси специјално дизајнирана за повозрасните.

Библиотеката со ресурси обезбедува информации и приспособени материјали за одржливо живеење, рециклирање, циркуларна економија и други сродни теми кои одговараат на потребите и стиловите на учење на постарите генерации.

Со подигање на свеста и промовирање на „зелениот“ активизам кај постарите лица, проектот има за цел да го поттикне активното стареење и доживотното учење, нагласувајќи ја важноста на еколошките решенија и однесувања.

Практични активности за креативно рециклирање и надградба на користени секојдневни предмети

 

Шесте комплети содржат 18 практични активности за креативно рециклирање и надградба на стари ЦД/ДВД-а, метални, дрвени и стаклени предмети, пластични шишиња, ткаенина, хартија и картон.

Секој сет вклучува 3 практични активности, базирани на циркуларна економија и креативно рециклирање. Деталните чекор-по-чекор упатства и врските до дополнителните ресурси им помагаат на повозрасните, нивните едукатори и терапевтите за уметност и работа лесно да ги применат во пракса.

Посебен систем го означува потребното ниво на умешност за изработка на финалниот производ: * – погоден за почетници и аматери; ** – погоден за понапредни творци; *** – погоден за навистина вешти мајстори.

Со овие практични активности сакаме да ги поттикнеме повозрасните (но и другите генерации) да го променат своето лично однесување и да станат зелени активисти!

Стара хартија и картон

Старо стакло и огледала

Стари ЦДа/ДВДа и метални кутии

Стари пластични шишиња

Стари дрвени предмети и мебел

Стар текстил и облеки

Модулот за претприемништво: Како да се преобрази неформална занаетска дејност во претприемничка иницијатива

Mодулот содржи 3 лекции и една инспиративна студија на случај, која може да им помогне на заинтересираните возрасни лица да ги развијат своите занаетски активности како претприемачки потфати.

Со ова сакаме да внесеме не само инспирација за секојдневните рутини на возрасните, туку и да ги охрабриме да се чувствуваат посамоуверени и да ги внесат своите знаења и вештини во значајни активности. А зошто да не додадат и дополнителни финансиски средства и во нивните џебови.

Инспиративни видео студии на случај за креативни зелени активности направени од самите возрасни лица

Кратките видеа покажуваат практични примери на креативни активности за рециклирање и надградба користејќи го пристапот „ОД ВОЗРАСНИ ЗА ВОЗРАСНИ“.

Тие беа снимени за време на серија креативни работилници кои ги организиравме во сите земји партнери за спроведување на предложените групи активности за креативна повторна употреба на стари секојдневни предмети.

Погледнете ги видеата за да добиете инспирација и сами да ги испробате предложените активности!

Бугарија: Реставрација на дрвен кујнски прибор

Бугарија: Изработка на навлаки без шевови за перници од стари маици

Северна Македонија: Садници од пластични шишиња

Шпанија: Како да направите подлога за топла чинија од стара хартија

Бугарија: Изработка на хартиена торба за билки и зачини од стари весници и брошури

Полска: Ајде да зборуваме за еколошки градинарски декор. Користете рециклирани метални елементи, вклучувајќи ЦД-а и ДВД-а, за хотел за опрашувачи

Северна Македонија: Претворете ги пластичните шишиња во креативни тавански светилки

Италија: Изработка на простирка за под од стара облека и друг домашен текстил

Бугарија: Изработка на убав домашен картонски контејнер од стари кутии за чевли или други картонски кутии

Полска: Ајде да зборуваме за еколошки градинарски декор. Користете рециклирани метални елементи, вклучувајќи ЦД-а и ДВД-а и метал за украсување керамички сад и за изградба на декоративна градина

Шпанија: ЦД-а и ДВД-а, за креативно украсување саксии во градината

Италија: Врами го моето старо огледало

Project No.: 2022-1-BG01-KA220-ADU-000085169

This project has been funded with support from the European Commission. This publication reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.